Тетовци револтирани на локалната самоуправа, изутрината истурија ѓубре пред општина Тетово за и укажат на градоначалничката Теута Арифи со какви проблеми се соочуваат.
Граѓаните на Тетово се жалат дека и денеска смрдеата која доаѓа од депонијата поради густиот чад е неподнослива. Како што информира Фокус, не помагаат ниту затворените прозорци и врати, поради што дел од нив се решаваат привремено да ги напуштат домовите.
За денеска е најавен и протесто кој ќе почне во 13 часот на градскиот плоштад, а потоа граѓаните ќе се придвижат кон Општината каде ќе упатат пораки до Теута Арифи.
Граѓани од Тетово велат дека пожарот тлеел до вечерните часови, иако попладнето од Општината изјавија дека е ставен под контрола.