Тетовци ја злоупотребиле службената должност, па парите од патарините си ги ставиле во џеб.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека е поднесена кривична пријава против 52-годишниот Ј.А. и 45-годишниот И.Џ. двајцата од Тетово, инкасанти за наплата на патарина во ЈП за државни патишта за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Првиот пријавен на 24 септември и на 19 и 20 октомври 2013 година, во повеќе наврати при наплата на патарина на патнички возила наместо фискални билети давал бели ливчиња, а исто така еден ист фискален билет кој не бил подигнат го давал на друго возило, притоа паричните средства од наплатата ги задржувал за себе.
Вториот пријавен на 19 и 23 октомври 2013 година, во повеќе наврати при наплата на патарина на патнички возила наместо фискални билети давал бели ливчиња, притоа паричните средства од наплатата ги задржувал за себе.