СВР Тетово поднесе кривична пријава против Т.П.(23) и Д.П.(25), двајцата од тетовско Луковица бидејќи нападнале полицајци на должност.
На 28. февруари, врз основа на судска наредба за издржување казна затвор бил приведен таткото на пријавените, а при негово внесување во кругот на СВР Тетово, пријавените физички ги нападнале полициските службеници по што се обиделе насилно да влезат низ капијата.