Тетовци претепани без никаков повод и причина

Х.Х.(18), М.Д.(20), Б.А.(22) и Р.С.(19), сите од Тетово вчера во полициска станица пријавиле дека врз нив од страна на поголема група лицата е извршено насилство.

Имено, истиот ден додека се движеле пеш по улицата„Јане Сандански“ и кога пристигнале пред У.О„Имиџ“ во Тетово биле пресретнати од групата кои без повод и причина физички ги нападнале на начин што им задавале удари со разни предмети во пределот нивните глави и тела од што тројца од пријавителите се здобиле со повреди. Додека пак едниот од пријавителите од џебот на панталоните извадил  нож на расклопување и во самоодбрана го употребил врз еден од напаѓачите на кого му нанел расекотина.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.