СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.Е.(23) од Тетово поради основано сомение дека истиот е сторител на кривично дело “убиство во обид”.
Имено пријавениот на 15.01.2015 година во семејниот дом му нанел убодни рани во градниот кош и расекотини на стомакот и главата на неговиот брат Б.Е.(38).
На пријавениот му е одредена мерка притвор во времетрање од 30 дена.