Тетовец смртно ја застрела сопругата

Педесет и тригодишен тетовец синоќа околу 22,30 часот смртно ја застрелал со пиштол својата една година помлада сопруга по што избегал, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.

Според неговите првични информации, настанот се случил во куќата на двајцата сопружници на улицата „Љуботенска“ во тетовската приградска населба Мала Речица. По застрелувањето на сопругат, тетовецот излегол од куќата по што пукал и кон такси возило, но за среќа никого не погодил по што избегал.

Полицијата презема интезивни активности за негово пронаоѓање и приведување. На местото на настанот увид извршиле јавен обвинител и екипа на СВР Тетово, а повеќе информации за настанот се најавени во текот на денот.