Тетовец во повеќе наврати вршел тешки кражби во објекти

Тетовската полиција поднесе кривична пријава против Ј.А.(23) од Тетово, за сторени седум кривични дела „тешка кражба“ од кои две во обид.

Во периодот од август до октомври 2014 година, на градското подрачје на Тетово на улиците „Илинденска“, „ЈНА“ и „Страшо Пинџур“ пријавениот со употреба на физичка сила и погоден предмет вршел тешки кражби во маркети, продавници, кафетерии и аптеки, при што одзел два „ајфони“, девет УСБ-стикови, камера, ДВД, парични средства и цигари се во вкупна вредност од 235.750 денари.