Тетовирана мексиканска мачка бара нов дом по животот зад решетки

Се бара нов дом за единствената мачка од расата сфинкс во Мексико, која сè уште нема име а старае е околу една година и мина извесно време в затвор, каде што претрпе малтретирање од криминална банда што вклучувало и тетовирање.

Мачката сега е во мексиканскиот град Хуарез каде е добро згрижена во засолниште за животни. Полицијата ја нашла во затвор и ја однела во засолништето.

Членовите на банда во затвор дури правеле тетоважи на кожата од двете страни на мачката.

Речиси целосниот недостаток на влакна е типичен за оваа раса мачки. Телото на сфинкс мачките е прекриено само со лесни одвај видливи влакненца, а висната кожа која формира брчки во некои делови на телото.

Тетоважите се на двете страни на нејзиното виткото, сиво тело и ги вклучуваат зборовите „Made in Mexico“ (Напрвено во Мексико-.

Властите велат дека сега го бараат вистинското семејство коешт мачката, којашто не е на продажба, ќе ја преземе во својот дом.

„Мачката е многу дружељубива и во одлична форма, немам никакви инфекции“, изјави за Reuters Сезар Рене Дијаз, претставник на локалната власт во градот Хуарез.

Комисијата на градските власти ќе ја донесе конечната одлука за нејзинот вдомување пред да ја претстави мачката на нејзиното ново семејство на церемонијата на 1-ви март.