Тетовка најде тројца туѓинци на нејзина адреса на Избирачкиот список: Овие тројца што ми живеат дома никој ги нема видено!

До 1 септември вкупно 10.724 лица се провериле во Избирачкиот список велат од Државната изборна комисија. Меѓу нив е и Барбара Стевческа од Тетово, која по извршената проверка утврдила дека на нејзината адреса има запишано плус три гласачи кои не живеат со неа.

-Овие тројца што ми живеат дома фини луѓе, не прават галама, никој ги нема видено…, пишува таа.