Ноќта помеѓу четвртокот и петокот во времето од 04.10 до 07.45 часот од страна на полициски службеници од ОКП-Скопје постапено е по Наредба издадена од Судија на претходна постапка при Основен Суд-Скопје 1, при што е извршен е претрес угостителски објект во Тетово.
Притоа, како што информира МВР, поради нерегулиран престој и нелегална работа, приведени се 17 странски државјанки од кои девет државјанки на Р.Бугарија, две државјанки на Р.Србија, една државјанка на Босна и Херцеговина и пет државјанки од Р.Албанија.
На лицата им е изречена мерка забрана за влез во Р.Македонија во траење од две години и истите во текот на денот година ќе бидат депортирани од Р.Македонија.