Тетово е можното ново жариште на коронавирусот

Доколку не се воспостави и воведе спречување на ширењето на коронавирусот, Тетово може да претставува ново критично жариште, изјави вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи.

По 400 спроведени тестови во Тетово и околината, според Османи, околу 54 лица се позитивни на коронавирусот.

„Дваесет случаи има во Тетово, 18 во Боговиње, пет во Теарце, шест во Брвеница, по еден во Желино и Јегуновце. Има четири починати и двајца лекувани, повеќето од нив се над 60 години. Има еден случај со новороденче од пет месеци, другите се лекуваат и им се вршат дополнителни проверки. Последниот случај, е случајот во Боговиње, со заразувње на матичниот лекар, кој резултираше позитвен на КОВИД-19. Но, притоа институции итно реагирале и ги идентификувале сите пациенти кој што имале контакт со тој лекар и се поставени во самоизолација, односно 156 лица во следните 14 дена ќе бидат мониторирани“, истакна Османи.

Додаде дека од локалните власти на Тетово побарале прекин на превозот на луѓе од една во друга општина на Полошкиот регион. Ова прашање денеска ќе биде разгледувано во владнина седница.

„Верувам ќе биде мерка за спречување на ширење на болеста, односно Тетово, во контекст со Куманово и Прилеп ќе треба да се сметат како три критични зони“, рече Османи

Во соседниот Гостивар, на помалку од дваесетина километри јужно, од 161 тест , како што информираше Османи, позитивни на КОВИД-19 резултирале 12 лица и сите се во домашно лекување.