Водоснабдувањето почна да се нормализира, но и утре трет ден по ред ќе има прекини во одредени делови на Тетово поради потребата се уште да се работи на отстранување на дефектите поради кои од вчера вода за пиење овие два дена немаше во 90 проценти од градот.
Според инфорамациите од работната единица „Водовод и канализација“ околу 17 часот комплетно е саниран дефектот на цевката Ф300 на улицата Цветан Димов.
-По промена на цевката ноќеска, денеска во текот на денот се изврши интервенција на спојката на две цевки од каде имаше истекување. Откако завршивме со тоа, направиме мапирање на градот и проценките се дека во 85 проценти во градот има нормализирање на снабдувањето, додека во 15 отсто се уште нема вода. Системот се уште се полни со вода од изворите така да стабилизирањето на состојбата односно водоснабдувањето ќе се нормализира и во текот на наредните часови во одредени места, изјави Љуљзим Шаќири од Водовод и канализација.