Триесет и петгодишниот Ј.И. од Тетово доби кривична пријава поради сомнение за сторени кривични дела „противправно лишување од слобода“ и „насилство“.
Б.И. во април годинава движејќи се со патничко возило „опел кадет“ по улицата „Иво Лола Рибар“ во Тетово бил запрен од Ј.И. Потоа оштетениот бил повикан заедно да отидат и наводно да стават фолии на стаклата од возилото, по што двајцата заминале кон ресторан во Тетово каде дошле и други лица кои му се заканувале на Б.И. по животот со пиштол, заради наводно украден лап-топ.
Тие физички го нападнале, а оштетениот паднал во бессознание и се разбудил во Клиничка болница во Тетово.