Тетово утрово најзагадено

Тетовчани утрово дишат најзагаден воздух
Граѓаните на Тетово утринава дишат најзагаден воздух во целата земја.

Воздухот е високо загаден, покажуваат податоците од мерните станици на Министерството за животна средина.

Делови од Скопје и Куманово се средно загадени, а сите други градови се во подобра состојба.

 

Инаку, на наair visual утрово Скопје е 25-от најзагаден град во светот, а вчера беше на 11-то место.

Завчера, пак, најзагадени беа Ново Лисиче од скопските населби, потоа Струмица и Тетово.