Во текот на јануари 2022 полициските службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово-Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово во тетовскиот регион во редовни и над дваесет акциски контроли вкупно откриле и законски санкционирале 1607 различни видови неисправности.
Ова значи намалување ако се споредуваат податоците со јануари 2021 кога имало 74 помалку сообраќајни прекршоци.
-Во контролните активности, спроведени минатиот месец, а поради констатирани прекршоци, од сообраќај билe исклучени 89 возила, од кои 63 поради истечена регистрација до и над 30 дена, а 26 поради утврдена техничка неисправност. Во јануари, исто така, од сообраќај биле исклучени и 359 возачи или 155 повеќе од лани, од кои 198 управувале без возачка дозвола, 77 под дејство на алкохол, 73 возачи-почетници кои не се
придржувале на законските ограничувања, 2 со несоодветна категорија и 9 со важечка забрана за управување, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Покрај тоа, во овој период, времено биле одземени 16 возила, 149 возачки и 60 сообраќајни дозволи.
Тетовската „пајак-служба“ вкупно подигнала 199 непрописно паркирани возила, најмногу на тетовските улици „Илинденска“ „Маршал Тито“, „Борис Кидрич“ и неколку други улици претежно во централното Градско подрачје.