Министерот за финансии, Драган Тевдовски, најави дека даночната реформа за прогресивно оданочување на персоналниот данок на доход ќе започне од јануари 2019 година. Како што велат од Министерството во процес е подготовка на законите и поради комплексноста од воведување на реформата истата не би можела да се имплементира од јануари следната година.
„Прогресивниот данок да не го воведуваме на сила. Нашата намера е да почнеме од јануари 2019 година и постапката да биде целосно отворена. Се планира сите законски решенија за воведување на прогресивниот данок да бидат готови до средина на наредната година“, рече Тевдовски