Тевдовски: Нема потреба од ребаланс на буџетот

Нема да има ребаланс на буџетот, категоричен е првиот финансиер Тевдовски.  Иако премиерот на првиот училишен ден, објаснувајќи како ќе се решаваат долговите на општините – најави ребаланс за следниот месец, за Тевдовски ликвидноста во државната каса е одлична и нема потреба од прекројување. Но, сепак анализи се прават, и доколку има потреба би можело да има корекции.

Во однос на економскиот раст пак, Тевдовски не сакаше да прогнозира, статистиките ги остави на ДЗС. Вчера пак Заев најави дека очекува вториот квартал да заврши со раст од 2,5% до 4%.

Инаку во финансии 6 општини потпишаа договори во висина од околу 5 милиони евра преку Проектот за подобрување на општинските услуги, финансиран од Светска банка. Ќе се реализираат 8 проекти.

Освен ова, Тевдовски најави дека следниот период од Светска банка ќе бидат обезбедени и 70 милиони евра за изградба и реконструкција на локални патишта.