Тежок домашен пораз на Селта од Вилјареал

Во дуелот од 18-то коло од шпаското фудбалско првенство, во Виго домашната Селта претрпе убедлив пораз од 0:4 од Вилјареал.

Исходот од овој натпревар беше познат веќе по половина час игра. Откако за гостите стрелци беа Жерар Морено во 5, Мои Гомез во 14, Дани Парехо во 19 и Фернандо Нињо во 31 минута..

Вилјареал во моментов е трет на табелата со 32 бодови, шест поналку од првопласираниот Атлетико Мадрид од кој има дури три натпревари повеќе, и четири бодови помалку од Реал Мадрид кој има меч помалку. Го следи Барселона со 31 бод и меч помалку. Селта моментално е осма со 23 бодови.

Во сабота на распоредот се дуелите: Севилја – Реал Сосиедад, Атлетико Мадрид – Атлетик Билбао, Гранада – Барселона, Осасуна – Реал Мадрид.

Колото во недела ќе породлжат соочувањата меѓу: Леванте – Еибар, Кадиз – Алавес, Елче – Хетафе, Вајадолид – Валенсија а ќе го заокружи во понеделникот дуелот Уеска – Реал Бетис.