Тежок инцидент во кацеларијата на градоначалникот на Арачиново

Тежок инцидент се случил во канцеларијата на градоначалникот на општината Арачиново вчера попладне. Машко лице влегло во просториите на општината, и се упатило во канцеларијата на градоначалникот Милкије Халими. Но, кога видел дека не е таму на еден од вработените му упатил закани и си заминал, инфромира МВР.

На 23 ноември во околу 22.30 часот А.Х. од село Арачиново, пријавил во полициска станица дека околу 15,30 часот во канцеларијата на градоначалникот на општина Арачиново, влегол С.А. и рекол дека ќе ја запали oпштинската зграда по што го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, се вели во полициската информација.