![Johan-Cruyff](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/10/Johan-Cruyff.jpg?resize=460%2C276&ssl=1)
Кројф утринава заминал на рутински лекарски преглед, каде му е дијагностицирана тешка болест, по што тој веднаш е хоспитализиран.
Во периодот што следи ќе му бидат направени дополнителни прегледи и тестови, по што ќе почне борбата со цел болеста да не се прошири.
Еден од најдобрите светски фудбалери во историјата, кој трипати ја освојуваше “Златната топка”, избран е во најдобриот тим на Светските првенства, со Барселона и како играч и како тренер освојуваше титули, а со репрезентацијата на Холандија го освои второто место на мундијалот во 1974 година.