Тежок пораз на МЗТ кај Црвена ѕвезда

Во последниот натпревар од 6-то коло во рамки на регионалната АБА лига, во понеделникот вечерта Црвена ѕзведа во Белград му нанесе тежок пораз на македонскиот претставник МЗТ Скопје со 112:73 (28:23, 30:23, 33:8, 21:19), кој сега има негативен скор од 2-4 во односот на победите и поразите.

Резултатската неизвесност на мечот траеше само во првата четвртина, кога МЗТ успеа да одржи едноцифрена негатива, но веќе кон средината на вториот период, Ѕвезда обезбеди позитива сигуран позитива од плус 10.

Трајковски ги оддржуваше МЗТ кој постигна 19 од 46 поени во првите 20 минути.

Катастрофата на МЗТ се случи во третата четвртина, кога неговите кошаркари постигаа само осум кошови, додека ова бепе најефикаснкиот период за „црвено-белите“ со 33 поени..

Најефикасен во редовите на Ѕвезда беше Радичевиќ со постигнат „дабл-дабл“ учинок, односно 17 поени и 10 асистенции. Трајковски кај МЗТ се издвои со постигнати 21 поен во 32 минути минати на теренот.