
Кошаркарите на ТФТ влегоа во одлична форма и доказ за тоа е петтата победа во низа во домашниот шампионат, победа која ја остварија над Гостивар со 79:70.
Првата и последната четвртина им припаднаа на гостите (13-15, 12-20), но избраниците на Смилковски беа одлични во вториот и третиот период во кој уфрлија по 27 поени, поточно тука ја направија клучната разлика за триумфот во СРЦ Кале.
Верц беше најрасположен играч кај победникот со 22 поени и 6 скока, додека Играм со 17 поени и 7 скокови беше прво име кај поразените.
Вчера да потсетиме, МЗТ Скопје славеше на гостувањето во Охрид со 98:73.