Вакцината против коронавирусот „Спутник V“, поради која Русија беше обвинета дека не е доволно транспарентна, е ефикасна во 91,6 отсто против симптоматските форми на Covid-19, покажуват резултатите кои се објавени во научното медицинско списание The Lancet, а потврдиле независни екперти.
„Производството на вакцината Спутник V е критикувана поради нејзината брзина, желбата веднаш да се дојде до резултатот и недостиг од транспарентност. Но резултатите објавени овде се јасни и докажана е научната втемеленоса на вакцината“, ицениле двајца британски стручњаци, професорите Иан Џонс од Универзитетот во Ридинг и Поли Рој од Лондонската школа за хигиена и тропска медицина во коментарот на студијата во The Lancet.
„Тоа значи дека во борбата за намалување на инциденцата на Covid-19 постои уште една вакцина“, истакнуваат споменатите експерти кои не учествувале во истражувањето.
Овие први потврдени резултати за ефикасноста на вакцинат ги потврдуваат почетните тврдења на Русија кои во прв ред западната научна заедница минатата есен ги дочека со недоверба.
Според овој податок, вакцината „Спутник V“ е меѓу најефикасните вакцини против коронавирусот, покрај препаратите на „Pfizer/BioNTech“ и „Moderna“ за кои се наведува дека се ефикасни 95 отсто, којашто се темели на поинаква технологија ткн „гласничка“ mRNK.
Од крајот на минатата седмица во Европската унија има повици дека Европската агенција за лекови (ЕМА) што поскоро да ја започен постапката за одобрување на вакцината „Спутник V“ којашто веќе се применува во Русија, како и во уште десетици земји, како Аргентина, Алжир, Србија и други.
Резултатите објавени во The Lancet се добиени во последната трета фаза од клиничките испитувања на вакцината во коишто учествувале речиси 20.000 испитаници. Вообичаено за ваквите случаи, до овие резултати дошол тимот кој ја направил вакцината и апота ги спровел испитувањата а тие пред објавувањето се дадени на рецензија на независни стручњаци.
Според овие резултати, се покажува дека вакцината „Спутник V“ за 91,6 отсто ја намалува опасноста од зараза со симптоматската форма на Covi-19.
„Потребни се дополнителни истражувања за да се утврди ефикасноста на вакцината кај асимптоматските слуачи и кај пренесувањето на зараза“, се наведува во соопштението на The Lancet испратено до водечките светски медиуми.
Покрај тоа, повикувајќи се на околу 2.000 случаи на лица повозрасни од 60 години, студијата оценува дека се чини дека ја има истата ефикасност и кај оваа возрасна група.
И, конечно, според списанието, делумните податоци покажуваат дека е извонредно добро штити од умерена и од тешка форма на болеста.
Руската вакцина „Сутник V“ е вакцина со ткн „вирусен вектор“, односно основата му е други вируси кои се направени неопасни и прилагодени врз сузбивање на коронавирусот. Станува збор за добро позната и проучена платформа која е користеана и во правењето на вакцината која ја разви англо-шведска фармацевтска компанија „AstraZeneca“ и Универзитетот Оксфорд која е ефикасна 60 отсто, објави EMA.
Но за разлика од вакцината на „AstraZeneca“ којашто се темели на аденовирусот на шимпанзо, руската „Спутник V“ користи два различни човечки аденовируса за секое од двете инјектирање на вакцината. Како што наведува неговиот производител московскиот научен институт „Н.Ф. Гамалеј“ фактот дека за довакцинирањето користи поинаков аденовирус отколку кај првата првата доза, може да поттикне подобар одговор.