Партијата за движење на Турците – ТХП вчера вечер во Скопје одбележи 23 години од основањето.
На свечениот прием учествуваа претставници на централната власт, коалиционите партнери, дипломати, како и личности од јавниот живот.
Во своето обраќање претседателот на ТХП Енес Ибрахим истакна дека особено во последната деценија од своето делување ТХП покажа огромна државничка улога играјќи активна улога во евроинтеграциските процеси. Ибрахим исто така изнесе дека има потреба од подобрување на политичката претставеност на Турците во Северна Македонија, но изрази верба дека токму оваа коалиција има капацитет да го оствари тоа.
Во рамките на свеченоста беше претставена и новата химна на ТХП, кое е дело на познатиот турски музичар Али Алтај.