Капитенот на актуелниот франциски фудбалски првак Пари Сен Жермен, Тиаго Силва, заминува од клубот откако кон крајот на јуни ќе му истече договорот, потврди во понеделникот парискиот клуб.
Триесет и петгодишниот Бразилец во ПСЖ дојде во 2012 година, а спортскиот директор и негов сонародник Леонардо го известил дека клубот нема да го продолжи договорот, кој истекува на 30-ти јуни.
Ваквата одлука на клупското раководство претставува голем разочарување на Силва, која сакаше кариерата да ја заврши токму во ПСЖ, а неговата сопруга Изабела неодамна изјави дека не може да го замисли животот надвор од Париз.
Меѓутоа, ПСЖ се наоѓа во голема загуба по прекинатите натпреварувања поради пандемијата на коронавирусот, кои достигнуваат над 200 милиони евра. Поради тоа, сопствениците одлучија да ги намалат платите на играчите за околу 300 милиони евра.
Тиаго Силва имаше една од најголемите плати во клубот, кој се решил да се откаже од услугите на играчот. Се претпоставува дека тој ќе се врати во бразилски Флуминензе од чии редови дојде во Европа.