![M2dk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvTldNN01EQV8vMmM1MjVhOTVmMDc2YzhiN2E3YWI0NzljZjAzMmUyNzcuanBlZ5GTAs0C5ACBoTAB](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/04/M2dk9lMaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvTldNN01EQV8vMmM1MjVhOTVmMDc2YzhiN2E3YWI0NzljZjAzMmUyNzcuanBlZ5GTAs0C5ACBoTAB.jpg?resize=640%2C458&ssl=1)
Вселенската лабораторија „Тиангонг-1“ влезе во атмосферата на Земјата, слетувајќи среде Јужен Пацифик, петнаесетина минути по полноќ по Гринич, соопшти кинеската вселенска агенција.
– Повеќето делови изгореа во процесот на влегување во атмосферата- рекоа од агенцијата.
Уништувањето на „Тиангонг-1“ го привлече вниманието на јавноста во последниве неколку недели, додека научниците од целиот свет го следеа нејзиниот неконтролиран пад.
-Се случи токму она што се очекуваше, предвидувањата, барем оние од последните 24 часа, беа сосема погодени, и како што се очекуваше, падна во празен простор и не предизвика штета- рече Џонатан Мекдауел, астрофизичар на Харвард- Смитсонијан Центарот за астрофизика.
Вселенската станица, чие име значи „Небесна палата“, беше лансирана во септември 2011 година како прототип за крајната вселенска цел на Кина: постојаната вселенска станица, „Тиангонг-3“, се очекува да биде лансирана околу 2022 година.