Тигар нападнал работник кој го чистел неговиот кафез во Зоолошка градина во Полска. Инцидентот се случил утринава, а работникот бил на место убен.
Тигарот го нападнал работникот при рутинско чистење на кафезот, кое по правило се извршува кога животните не се на тоа место. Мора да провериме како се случило животното да дојде во допир со човекот, посочила Агата Костик Левндовск од Државната трудова инспекција.
Оваа Зоолошка има неколку суматрански тигри, а женката која го убила работникот пристигнала неодамна, во јуни, и се адаптирала на новиот дом и негуватели.