Специјалната единица на МВР, „Тигри“ се вброи меѓу најдобрите во Европа, се последните пишувања на францускиот месечник „Полис-про“ и на австрискиот весник „Кроненцајтунг“, пренесува Нова Македонија.
Македонските специјалци во фокусот на странските медиуми
Македонската полиција има свој бренд со кој може слободно да се пофали во светот, а според пишувањата на странските медиуми, тоа е токму специјалната единица „Тигри“, која всушност е можеби и највредното нешто што е во рацете на нашето МВР.
Потврда на оваа констатација е последното пишување на оваа тема на австрискиот новинар Кристоф Мацл, кој објави репортажата за заедничката вежба на австриските „Кобри“ и македонските „Тигри“ во весникот „Кроненцајтунг“.
Малц во својот текст ги опишува „Тигрите“ како светски елитна единица, додавајќи дека по тренинзите со колегите од Австрија тие стануваат уште подобри во она што го работат.
– Денес специјалните единици се подготвени за акција против секого во секое време и акциите траат само неколку минути – пишува Мацл.
Новинарот истакнува дека без овие полициски професионалци („Тигри“), борбата со македонските мафијашки структури би била како игра на мачка и глушец – истакнува новинарот.
Во својата сторија австрискиот новинар цитира изјава на Герхард Ланг, првиот човек на Сојузната криминалистичка служба на неговата земја, кој вели дека довербата била камен-темелник за меѓународната полициска соработка и на успешно спроведените полициски акции. Истовремено Ланд во својата изјава за весникот „Кроненцајтунг“ тврди дека соработката со македонските „Тигри“ функционирала одлично.
Весникот подвлекува дека поради оваа добра соработка на македонската и на австриската полиција, нашата земја станала составен дел на Интернационалната криминалистичка служба, во која членувале Австрија, Босна, Хрватска, Црна Гора, Србија, Косово и Албанија.
Претходно слична констатација имаше и францускиот месечник „Полис-про“, кој во своето рангирање тврди дека полициските специјалци по својот квалитет, обука, опременост, техника и технологија со која располагаат се во самиот врв на европски специјални единици.
Францускиот магазин за да ја аргументира оваа констатација за квалитетот на специјалната единица „Тигри“ оддели две страници фотографии и информации од своето последно издание.