
За прв пат македонската публика ќе има можност едно дело да го слуша во аудио формат.
Во среда со почеток во 20:30 во Планетариум (МКЦ) ќе се одржи промоцијата на аудио верзија од поетскиот роман „Лидија или се што знам за жените“ од реномираниот македонски автор Тихомир Јанчовски.
Овој поетски роман е издаден одамна, но за прв пат пред македонските читатели ќе биде испромовиран во аудио форма. Според модераторката на настанот, Магдалена Стојмановиќ овој настан е од исклучително значење бидејќи е пионерски проект за помирување и интеграција на технологијата и уметноста.
-Со тој обид покажуваме дека технологијата не е загрозување на уметноста, туку напротив може да ја негува и унапредува. Аудио книгите се погодни за луѓе што многу патуваат или немаат доволно време да посветат само на читање на книгата. – вели Стојмановиќ.
Освен обраќање на модераторот, македонската публика ќе проследи и инсерти од аудио книгата збогатени со визуелни ефекти во „Планетариум“.
Јанчовски важи за еден од најпознатите современи македонски автори кој издава поетски романи, збирки поезија и се занимава со преведувачка дејност.