Тиквата е позната како симбол за долговечност. Тиквата има високо ниво на антиоксиданси и каротен. Богата е со пектини, шеќери, витамини, особено со витамин Ц и Е. Со своите лековити својства, идеална е во борба против срцеви заболувања, ризикот од рак, катаракта и мозочен удар.
Исто така, корисните својства на тиквата помагаат да се спречат состојби како воспаленија, камен во бубрег, депресија, кожни проблеми и паразитни инфекции. Лидер е по содржина на железо кое е важно за крвта, калиум кој е важен за функцијата на срцето, фосфор и калциум кои влијаат врз коските и забите и манган кој ја чува кожата.
Освен тоа, тиквата изобилува со прехранбени влакна кои лесно се усвојуваат од страна на организмот. Исто така, тиквата е малку калорична, што ја прави примамлива за јадење за секој, дури и за оние кои постојано се на некоја диета.
Тиквата потекнува од Централна Америка, а својот назив го добила од странски израз за празен сад, затоа што некои видови тикви имаат таква намена.
Печена тиква со прелив од мед
Состојки:
- 2 лажици мед
- 1 лажица сок од цеден портокал
- 1 лажица маслиново масло
- 1,5 кг тиква
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 степени и обложете го плехот со хартија за печење.
Во еден сад измешајте го медот, сокот и маслото. Исечете ја тиквата на парчиња, излупете ја и исчистете ја од семките.
Намачкајте ја со подготвената смеса и печете околу 40 минути додека тиквата не омекне.