Тиквеш-Шкупи нерешено, Гостивар подобар од Брера!

Два убави голови беа постигнати во Кавадарци каде Тиквеш и Шкупи одиграа нерешено 1-1, Брера и шести меч по ред не успеа да дојде до триумф, струмичкиот тим на свој терен загуби од Гостивар со 1-0.

Шкупи во Кавадарци отпатува со серија од три победи, но таму одигра само реми, а малку фалеше Тиквеш да ги освои трите бода од овој дуел.

Тиквеш поведе во 24. минута со гол на Спахиу, 14 минути подоцна Воша со прекрасен гол изедначи на 1-1.

Кавадаречкиот тим беше блиску до победа, домаќините напаѓаа силно кон голот на Шкупи, имаа неколку извонредни шанси, но не успеаа да дојдат и до триумф над фаворитот.

По одличниот старт на сезоната, Брера Струмица почна да тоне. Денеска загубија од Гостивар со 1-0. За неа тоа беше шести меч по ред без да се израдува на победа.

Единствениот гол на натпреварот го постигна Кехинде, уште во 15. минута од натпреварот.

Брегалница конечно се израдува на победа, штипскиот тим со 2-1 го совлада Работнички.

Штипскиот тим поведе со гол на Андерсон во 15. минута, Мазари во 31. минута изедначи на 1-1. Вебстер во 72. минута даде гол за водство на Брегалница од 2-1, што беше и конечен резултат на мечот.

Победа од 2-1 обезбеди и Воска која ја совлада екипата на Македонија Ѓорче Петров. Двата гола за домаќините ги постигна Марушиќ, едниот за Македонија ЃП беше дело на Алексовски.

ПРВА ЛИГА, 10. КОЛО

Тиквеш – Шкупи 1-1
Спахиу 24 – Воша 38

Брера – Гостивар 0-1
Кехинде 15

Брегалница – Работнички 2-1
Андерсон 14, Вебстер 72 – Мазари 31

Воска – Македонија ЃП 2-1
Марушиќ 22, 76 – Алексовски 26

Утре
Вардар – Шкендија
Струга – Силекс

Табела: Шкендија 20 (9), Шкупи 19 (10), Силекс 16 (9), Струга 15 (8), Брера 14 (10), Тиквеш 14 (10), Работнички 13 (10), Брегалница 13 (10), Македонија ЃП 11 (10), Воска 10 (10), Гостивар 10 (10), Вардар 5 (8).