Тиквеш во финишот триумфираше против Еурофарм Пелистер 2

Тиквеш направи големо изненадување и славеше со 30-29 на гостувањето кај Еурофарм Пелистер 2 во рамки на 4.коло во рамки на Групата Б во рамки на Суперлигата.

За Кавадарчани ова беше прва победа сезонава по трите стартни порази и тоа на жешкиот терен во Битола. Гостите водеа во текот на целиот натпревар и го диктираа резултатот, а на полувремето имаа водство од 19-16. Во финишот битолчани сериозно притиснаа дојдоа до 29-29, но во последниот напад Страхиња Симиќ погоди за голема победа за гостите од Кавадарци.

Токму Симиќ со 11 голови беше најефикасен кај гостите, додека осум постигна Јане Јанчев. Во редовите на битолчани Јован Талевски со осум погодоци се истакна најмногу, додека Стефан Талевски постигна еден помалку.

За Еурофарм Пелистер 2 ова е втор пораз сезонава по оној во Скопје против Металург. Тимот сега во рамки на 5.коло во петок гостува кај Бутел, додека Тиквеш на свој терен го пречекува Прилеп.