Тилерсон ја предупредува Латинска Америка да не зависи премногу од Кина

© AP Photo/Sait Serkan Gurbuz

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон ги предупреди во четвртокот државите од Латинска Америка претерано да не се потпираат на економските односи со Кина, тврдејќи дека на овој регион не му се потребни нови „империјалистички сили“.

„Кина денес создава упориште во Латинска Америка. Таа ја користи економската државна политика за да го повлече регионот во својата орбита. Прашање е под која цена“, изјави американскиот државен секретар Рекс Тилерсон во говорот на тексашкиот универзитет во Остин, во пресрет на неговото патување во пет држави од Латински Америки и Кариби.

„На Латинска Америка не ѝ се потребни нови империјалистички сили“, заклучи шефот на дипломатијата на САД.

Тилерсон ќе ги посети Аргентина, Колумбија, Мексико и Перу, а ќе престојува и на Јамајка.