Американскиот претседател Доналд Трамп „го притиснал“ во петокот во Хамбург рускиот претседател Владимир Путин поради наводното мешање на Русија во американските претседателски избори во 2016 година, тврди американскиот државен секретар Рекс Тилерсон, но неговиот руски колега Сергеј Лавров рече дека челникот на САД го прифатил одговорот од рускиот колега.
За обвинувањата за наводното руско мешање во американскиот изборен систем, кои претежно доаѓаат од разузнавачките структури блиски на Демократската партија но и некои од Републиканската, рускиот претседател Владимир Путин само еднаш одговори дека Москва на ниеден начин не влијаела на ланските претседателски избори, а Русија побара да бидат презентирани докази за таквите тврдења.
Американскиот претседател Доналд Трамп уште во текот на предизборната кампања вети обновување на врските со Русија. Меѓутоа, на тој план не можеше досега многу да постигне, бидејќи неговата администрација се соочува со истраги околу наводното руско мешање во изборите и наводните врски меѓу неговата кампања со Москва.
Трамо во повеќе наврати тврдеше во јавноста дека немал никакви контакти со Москва. Највисоките руски функционери, пак, неколкупати оценија дека станува збор за „русофобна хистерија“ во Вашингтон којашто е одраз на превирањата на политичката сцена во самите САД.
Зборувајќи на маргините од самитот на Г20 во Хамбург, американскиот државен секретар Рекс Тилерсон изјави дека двајцата челници имале „многу силна и долга размена на мислења за таа темна. Претседателот Трамп повеќепати го притисна претседателот Путин во врска со руското мешање“, рече шефот на американската дипломатија.
„Двајцата челници се согласија дека тоа е клучна пречка за напредувањето на американско-руските односи“, истакна Тилерсон. Се согласиле дека ќе се обврзат за немешање во внатрешните работи на САД и во нашите демократски процеси, како и оние во другите земји“, додаде Тилерсон
Меѓутоа, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, малку подоцна истакна дека Трамп ја прифатил оцената на Путин дека обвинувањата за наводното руско мешање во американските претседателски избори не се вистинити.
„Претседателот Трамп рече дека слушнал цврсти тврдења од претседателот Путин дека тоа не е вистина и дека руските власти не се мешале во изборите. Трамп рече дека ги прифаќа тие тврдења. И тоа е тоа“, реле Лавров.
Тилерсон смета дека двете држави можеше никогаш нема да се согласат околу тоа што точно се случило.
„Мислам дека во овој момент претседателот Трамп со право е фокусиран како да се тргне напред од нешто околу што во овој момент не можеме да се согласиме“, изјави американскиот државен секретар.
Средбата меѓу Путин и Тамп на маргините од самитот Г20 во Хамбург беше една од најисчекуваните средби на некои двајца политичари последниве години.
Со помош на преведувачи, според протоколот, и придружувани од своите министри за надворешни работи двајца челници разговараа шест минути пред камерманите да бидат замолени да ја напуштат салата.
„Претставува чест да се сретнам со вас“, рекол Трамп на почетокот од средбата. „Мило мие што лично ве сретнав“, возвратил Путин додавајќи дела се надева оти средбата ќе донесе резултати.
Иако претходно не беа познати за јавноста детали за протоколот на средбата меѓу Трамп и Путин, нивниот состанок траел повеќе од два часа, а првата дама на САД, Меланија Трамп, во еден момент влегла во салата и ги замолила „еднаш веќе да го завршат“, рече Тилерсон за новинарите.
„Имавме многу долг разговор. Имаше многу теми за расправа, вклучително и Украина, Сирија и други проблеми, како и билатералните прашања. Неколкупати се навраќавме на борбата против тероризмот и кибернетичката безбедност“, изјави по средбата Путин.
Тилерсон рече дека Трамп и Путин добро „кликнале“ и оти „хемијата била позитивна“. Додаде дека двајцата претседатели разговарале за иднината на Сирија, согласувајќи се „околу тоа што би требало да биде исходот“, иако имаат различни идеи како тоа да се постигне.
Сепак, успеале да договорат за прекин на огнот на југозападот од Сирија покрај границата со Јордан кој стапува на сила во неделата, откако сириската армија прогласи под влијание на Москва запирање на воените дејствија, потврдија Тилерсон и Лавров.
САД и Русија тајно разговарале и за прогласувањето на „зоните за деескалација“ на југот од Сирија, кои Москва пред неколку месеци ги договори со Турција и со Иран, како поддржувачи на различните завојувани страни во сирискиот конфликт, беше соопштено на почетокот од јуни западните дипломати и регионалните функционери.
Било разгледуван и прекин на непријателствата во покраината Дераа, на јорданската граница и во Кунеитра, на Голанската висорамнина која е под окупација на Израел.