Тим лекари со 100 процентна поддршка во борбата против ракот

Лекари од Приватната општа болница Ре-Медика и јавното здравство со стопроцентна поддршка на пациентите во борбата со ракот, водена од врвните експерти од оваа област. Вклучени се експерти во делот на  дијагностицирање, оперативно лекување, пред и постоперативни патохистолошки и имунохистохемиски анализи, онколошки и радиолошки третмани и естетска реконструктивна хирургија.

Дел од тимот се д-р Елизабета Бабушку и д-р Наде Петановска од ПЗУ Ре-Медика, д-р Сашо Банев, ПЗУ Биопсија, проф. д-р Андреја Арсовски, стручен директор на Ре-Медика, проф. д-р Љубе Ивковски од ПЗУ Хистолаб, д-р Нино Васев, д-р Мери Пешевска и д-р Марија Вукашиновиќ од Клиника за радиотерапија и онкологија, д-р Огњен Даскалов од ПЗУ д-р Даскалов.

1

„Борбата против ракот на дојката мора да се води милтидисциплинарно и со индивидуален пристап кон секој од пациентите. Со овој тим секој пациент ќе биде сигурен дека од нас добива 100% поддршка во битката со ракот. Мултидисциплинарниот пристап ги обединува специјалистите и  супспецијалистите радиолози, патолози, хирурзи, онколози во намерата да се спасат што повеќе животи и пациентот да може да го продолжи животот со поголема самодоверба, охрабрени, мотивирани и излекувани. Овој тим покажува дека неопходна е соработка, дека кај нас пациентот е на прво место и тоа не е само флоскула, туку и реалност. Како доктори и специјалисти сепак стоиме на ставот дека најдобри резултати во третманот на ракот на дојката се постигнуваат со раното откривање и навремената интервенција“, изјави  Проф. Д-р Андреја Арсовски, торакален хирург, стручен директор на Ре-Медика.

2

Ре-Медика располага со најсовремен дигитален мамомат, надграден со систем за стереотактични инвазивни процедури кој е единствен во Република Македонија и ултразвучен апарат со специјално конструирана мултифреквентна сонда, со можност за правење на доплер студија и MICRO PURE студија за детекција на микрокалцификати.

Тука се изведуваат сите инвазивни дијагностички процедури за додиференцирање на патолошките промени водени под ехо и мамографија. После извршениот хируршки зафат, оперативниот материјал се испраќа во хистопатолошка лабораторија, на понатамошно испитување. Целта на овие испитувања е да се одредат сите карактеристики на малигните клетки како и стадиумот на болеста. Овие параметри се клучни за правилен и современ третман со хемотерапија, хормонална терапија, херцептин, зрачна, како и најсовремена таргет терапија.

Потполното излекување подразбира комплетно враќање на пациентите во сите професионални, семејни и други активности за што честопати е потребно да се направат и реконструктивни естетски интервенции како и континуирана психолошка поддршка.