Тим Волц, гувернерот на Минесота треба да помогне да се придобие руралната бела Америка
Претседателската кандидатка на Демократската партија, Камал Харис во вторникот за свој кандидат на олжноста потпретседател на САД го избра Тимоти Џејмс „Тим“ Волц, гувернерот на сојузната држава Минесота кој се смета за застапник на прогресивни политики и кој може да ѝ помогне да ги освои гласовите на руралните, бели Америкнци.
Изборот на Волц засега е потврден само од анонимни извори, а официјалното соопштение се очекува во вторник вечерта.
Волц е 60-годишен ветеран на американската Национална гарда и поранешен тренер во средно училиште. Тој беше избран во Претставничкиот дом во 2006 година во инаку републикански округ. Служеше во долниот дом на Конгресот 12 години пред да биде избран за гувернер на северната сојузна држава Минесота во 2018 година.
На таа позиција, тој донесе прогресивни политики како што се бесплатни оброци во училиштата, борба против климатските промени, намалување на даноците за средната класа и подолги одмори за работниците од Минесота. Валц долго време беше застапник за репродуктивните права на жените, но додека го претставуваше својот рурален округ во Претставничкиот дом, тој конзервативно ги бранеше интересите на земјоделците и сопствениците на оружје.
Харис, дете на имигранти од Јамајка и Индија, на тој начин додаде во нејзината борба да влезе во Белата куќа политичар чијашто сојузна држава традиционално гласа за демократите на претседателските избори и е блиска до Висконсин и Мичиген, двете клучни сојузни држави. Се верува дека Волц, едноставна личност, добро се поврзува со бели, рурални гласачи кои во последниве години во огромно мнозинство гласаа за републиканецот Доналд Трамп.
Харис го избра Валц наместо Џош Шапиро, гувернерот на Пенсилванија, кој се сметаше за клучен за освојување на државата, една од најспорните држави.
Откако Харис стана демократски кандидат за ноемвриските избори, по извршениот партиски притисок врз претседателот Џо Бајден да се повлече од изборната трка таа собра стотици милиони долари во донации и повторно ја засили трката против Трамп. Таа и новиот кандидат за потпретседател се очекува да се појават пред јавноста на настан во Филаделфија во вторник навечер по локално време.
Нејзиниот изборен штаб се надева дека кариерата на Волц во Националната гарда, успешната тренерска кариера во средно училиште и хумористичните објави ќе ги привлечат неопределените гласачи на 5. ноември.
Вoлц досега беше релативно непознат на национално ниво, но откако почна да се споменува како потенцијален кандидат, неговата популарност расте. Како омилен член на Конгресот, тој ја имаше поддршката од поранешната моќна претседателка на Претставничкиот дом Ненси Пелоси, која беше клучна во убедувањето на Бајден да се откаже од својата нова кандидатура.
Харис и Волц на тој начин ќе се борат против Трамп и ЏејДи Ванс, неговиот потпретседател кој исто така е воен ветеран од и потекнува од американскиот Среден запад.
Волц веќе го нападна републиканскиот тандем, нарекувајќи ги „чудни“, епитет што сега штабот на Камала Харис често го користи за да ги критикува републиканците.
„На другата страна се чудаци. Сакаат да одземат книги, сакаат да бидат во вашата просторија за прегледи“, рече Волц во интервју кон крајот на јули, мислејќи на забраните за книги со одредени видови содржини и репродуктивното советување со лекарите.
Тој ги нападна и тврдењата на Трамп и Ванс дека се поврзани со средната класа.
„Не престануваат да зборуваат за средната класа. Баронот на невижностите арамија и капиталист инвеститор се обидуваат да нѐ убедат дека разбираат кои сме ние? Тие не знаат кои сме ние“, рече Волц во интервјуто за телевизиската мрежа MSNBC News.
Овој пристап наводно се покажал заега успешен кај младите гласачи. Дејвид Хог, коосновачот на групата за контрола на оружјето „March for Our Lives“, го опишува како „одличен комуникатор“.
Волц е „своевиден еднорог“, вели Рајан Докинс, политиколог од Универзитетот Карлтон во Минесота, „човек роден во мал град во рурална Небраска, кој е способен да ја пренесе пораката на Харис до клучните демократски гласачи, но и до оние до кои партијата не успеа да стигне во последните години.
Докинс ја пофалува способноста на Волц да допре до гласачите од руралните средини. Ова е групата до која кампањата на Бајден се обиде да стигне со инвестиции во инфраструктура и други конкретни мерки, но без претеран успех.
Трамп освои 59 отсто од гласовите во руралните средини во 2016 година, а тој број се искачи на 65 отсто во 2020 година, иако ги загуби тие избори.
На изборите за гувернер во 2022 година, Волц доби 52,27 отсто од гласовите наспроти 44,61 отсто од неговиот републикански противник.
Иако Волц ја следи Демократската партија за голем број прашања како што се легализацијата на абортусот и истополовите бракови и поддршката за програмата за здравствено осигурување позната како „Обамакер“, тој е познат и по своите центристички ставови. Тој ја бранеше владината поддршка за земјоделците и воените ветерани, како и правата на сопствениците на оружје.
„Неговата промена од центрист кој претставуваше рурален округ во Конгресот во попрогресивен политичар како гувернер, можеби, дојде поради барањата на гласачите во големите градови како Минеаполис-Сент Пол. Но, тоа го прави ранлив на републиканските напади“, изјави Докинс за Reuters.
„Тоа ризикува да ги зајакне некои од најголемите стравови што луѓето ги имаат за Камала Харис како либерал од Сан Франциско“, додава Докинс.
Како гувернер, Волц воведе задолжително носење маски за време на пандемијата на ковид-19 и донесе закон со кој се криминализираше силувањето во брак. Тој ја водеше сојузната држава низ неколку години буџетски суфицит, додека повторно не победи на изборите во 2022 година. За време на кампањата за тие избори тој се пофали со поддршка од неколку моќни работнички синдикати.