Во писмото упатено до лидерите на ЕУ, кое што го објави нејзината ќерка Евгенија, Тимошенко, меѓу останатото напишала: „Доколку претседателот Виктор Јанукович попушти под притисокот од масовните протести во Украина и во последен момент одлучи да го потпише договорот, иако за тоа постојат минимални шанси, го повикувам да го потпише тој документ, без условувања, вклучувајќи го и моето ослободување“.
ЕУ како услов за потпишување на договорот го поставила и ослободувањето на Јулија Тимошенко.