Поранешната премиерка на Украина и лидер на партијата „Баткивштина“, Јулија Тимошенко, ќе го посети во март оваа година, конгресот на Европската народна партија во Даблин, пренесе ИТАР-ТАСС.
Информацијата е потврдена со соопштението на шефот на комитетот на Европскиот парламент за меѓународни работи Елмар Брок, кој ја предводеше мисијата на Парламентот, која го посети Киев .
„Се сретнавме со Јулија Тимошенко. Таа ќе го посети конгресот во Даблин“, вели Брок.
Предизборното собрание на европската народна партија ќе се одржи на шести и седми март.