Тимот на Бајден го обвинува Трaмп дека „како Хитлер“ противниците ги нарекува „штетници“

Изборниот тим на демократскиот американски претседател Џо Бајден ги обвини во понеделникот поранешниот републикански претседател Доналд Трамп дека „ја прифатил реториката“ на германскиот нацистички диктатор Адолф Хитлер нарекувајќи ги своите политички противници „штетници“.

Доналд Трамп во саботата на предизборниот собир во Њу Хемпшир рече дека би ги „искоренил комунистите, марксистите, фашистите и радикалната левица кои живеат во нашата земја како штетници и лажат, крадат и мамат на избори“, повторувајќи ги старите тврдења дека му е украдена победата на претседателските избори во ноември 2020 година во полза на актуелниот претседател Џо Бајден.

Оваа изјава, којашто Трамп ја даде на Денот на ветераните, беше критикувана на социјалните мрежи од левичарските неолибертаријански активисти и поддржувачи на Бајден, а некои историчари кои наклонуваат кон Демократската партија побразаа да кажат дека „наликувала на реториката на автократ кои така ги дехуманизира своите противници“.

Во очајните потези да го врати урнисаниот рејтинг на актуелниот претседател во американското гласачко тело, тимот на Бајден кој треба да ја води најавената негова претседателска кампања во понеделникот продолжи со реакциите.

„Додека повеќето Американци преку викедот им одаваа почеста на нашите херои, Доналд Трамп ги повторуваше автократските зборови на Адолф Хитлер и Бенито Мусолини, двајцата директори против кои се бореа бројни американски ветерани и во таа борба ги дадоа своите животи“, објави во писмена изјава Амар Муса, портпарол на кампањата на Бајден.

„Доналд Трамп мисли дека може да победи внесувајќи поделби во нашето општество. Греши, а колку… тоа ќе го дознае во ноември следната година“, додаде Муса.

Стивен Чеунг, портпарол на кампањата на Трамп, ги отфрли споредбите со Хитлер и Мусолини.

„Оние кои ги прават таквите смешни споредби се обидуваат да пронајдат што и да е (против Трамп) и овие тажни, бедни егзистенции ќе бидат скршени кога претседателот Трамп ќе се врати во Белата куќа“, истакна Чеунг.