Тимот на Бајден со критики до Дачиќ за неговиот повик Србите да гласаат за Трамп

Мајкл Карпенетер, експерт за надворешна политика и директор на Центарот Пен Бајден од Вашингтон, испрати критики до Ивица Дачиќ, српски министер за надворешни работи, поради неговиот повик српската дијаспора во САД да гласа за Доналд Трамп на изборите идната година.

-Српскиот министер за надворешни планира да се меша во внатрешната политика на САД со повик до српските Американци да го поддржат Трамп во 2020 година, напиша денеска Карпентер на својот Твитер налог.

Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, Карпентер е вклучен и како советник за надворешна политика во кампањата на Џо Бајден, поранешен американски потпретседател и фаворит за номинација претседателски кандидат од Демократската партија.

За време на поранешниот претседател Барак Обама тој служеше во Пентагон како ассистент на заменик секретарот за одбрана задолжен за Балканот, Русија, Украина и Евроазија, и како советник за надворешна политика на потпретседателот Бајден.

Во своето соопштение Карпентер истакна дека со повикот до Србите во САД, Дачиќ прави голема грешка.

-Лично мислам дека прави голема грешка. Американската поддршка за интеграција на Србија во ЕУ треба да остане надпартиско прашање, напиша тој.

Повикот до Србите во САД да гласаат за Трамп, Дачиќ го споредува со поддршката што Албанците ја даваат за демократските избраници како членот на Претставничкот дом Елиот Енгл.

-Не е за изненадување тоа што Енгл отворено ги брани интересите на Албанците, изјави српскиот министер за надворшени работи.

Според Дачиќ, во САД живеат околу 650 илјади Срби.