Тимот на Навални тврди дека руските власти ѝ дале ултиматум на неговата мајката да го погреба во рок од 3 часа

Портпаролката на починатиот Алексеј Навални во петокот тврдеше дека руските власти ѝ рекле на мајка му дека нејзиниот син ќе биде погребан на територијата на казнената колонија каде што почина, освен ако таа не е во рок од три часа освен доколку се согласи да го погреба со вез да организира јавно збогување.

Ова тврдење доаѓа ден откако 69-годишната Људмила Навална во видeо-изјава на YouTube ги обвини руските истражители дека планираат „таен“ погреб за нејзиниот син и рече дека нема да се согласи на тоа.

Навални, најпознатиот и еден од најжестоките критичари кого Западот го проглеаси за најголем политички противник на претседателот Владимир Путин, ненадејно почина пред една седмица во казнената колонија на Арктикот каде издржуваше вкупна казна од повеќе од 30 години, за финансиски махинации и во продолжение кршење на условната казна, непочитување на судот и други непријателски дејствувања.

Неговата мајка Људмила бара од властите да го предадат телото на нејзиниот син за да го погреба на начин што ќе им овозможи на неговите пријатели, членови на семејството и поддржувачите да му оддадат почит.

Портпаролката на починатиот Алексеј Навални, Кира Јармиш, на Х напиша: „Пред еден час, истражителот ѝ се јави на мајката на Алексеј и ѝ постави ултиматум – или таа ќе се согласи на таен погреб без јавен погреб во рок од три часа, или Алексеј ќе да биде погребан во просторот на казнената колонија“.

Јармаш рече и дека мајката на Навални продолжува да одбива таков ултиматум и продолжува да бара телото на нејзиниот син да ѝ биде предадено. Засега руските власти не го коментираа развојот на настаните.

Во четвртокот Људмила Навални рече дека ѝ го покажале телото на синот Алексеј и потврдата за смртта во која се наведува дека Навални починал од природна смрт.

„Истражителите тврдат дека ја знаат причината за смртта, ја имаат подготвено целата медицинска и правна документација, која ја видов и потпишав на лекарското уверение за смртта“, вели таа во видеото облечена во црно и со смирен глас.

„Согласно законот, требаше веднаш да ми го предадат телото на Алексеј, но тоа сѐ уште не го направија. Наместо тоа, ме уценуваат, поставувајќи услови каде, кога и како треба да биде погребан Алексеј. Ова е незаконски“, додава во видео изјавата Људмила Навални.

Таа, исто така, тврдеше дека го снима видеото „затоа што почнаа да ми се закануваат. Гледајќи ме в очи, велат дека ако не се согласам на таен погреб, ќе направат нешто со телото на мојот син”.

Људмила Навалана тврди дека еден од истражителите наводно ѝ рекол: „Времето не е на ваша страна, трупови се распаѓаат“.

„Не сакам посебни услови. Само сакам сѐ да се прави според законот. Барам телото на мојот син веднаш да ми биде вратено“, изјави Људмила Навални.