Транзицискиот тим на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп издаде барање за повеќе од дузина високи дипломати од кариера да се повлечат од своите функции, пишува агенцијата Reuters повикувајќи се на двајца американски претставници наводно запознаени со ова прашање, додека новиот претседател брзо се движи кон обликување на својата надворешна политика и дипломатскиот кор.
Еден од соговорниците рекол дека сите функционери на ниво на потсекретар и помошник секретар, кои всушност се цели две нивоа функционери под државниот секретар, се замилени да се повлечат.
Трамп вети дека ќе ја „исчисти длабоката држава“ со отпуштање на бирократите што тој ги смета за нелојални, а кадровските промени се во согласност со напорите да се преземе поголема контрола над федералната влада поширока од онаа во која тој ја имаше во првиот претседателски мандат од 2016 до 2020 година кога наидуваше на пречки однте и политички саботажи кои го оневозможуваа да спроведе целосно и ефикасно некои од неговите главни политички цели, и на кој било од современите американски претседатели.
Ниту Стејт департментот, ниту транзицискиот тим на Трамп не одговориле на барањето на Reuters за коментар.
Трамп најверојатно ќе усвои посилна надворешна политика, ветувајќи дека ќе донесе мир меѓу Украина и Русија и ќе обезбеди поголема поддршка за Израел. Тој, исто така, се залага за помалку вообичаени политики како што се обидот Гренланд да се направи дел од Соединетите држави и притисокот врз сојузниците на НАТО за повеќе трошоци за одбраната.
Дипломатскиот персонл кој ќе биде лојален во спроведувањето на политиките на новиот претседател и притоа нема да влече хипотеки и поврзаност со претходните админицистрации и нема да ги кочи работите, ќе биде клучна за постигнување на неговите цели, велат експертите.
Марко Рубио, изборот на Трамп за државен секретар, за време на неговото сослушување за потврда минатата седмица рече дека Стејт департментот е „маргинализиран“ и рече дека персоналот треба да има поголема улога во поставувањето и спроведувањето на надворешната политика.
Додека политичките именувани вообичаено поднесуваат оставки кога новиот претседател ќе ја преземе функцијата, повеќето функционери од службата за надворешни работи продолжуваат од една администрација до друга, иако идниот претседател има право да назначува нови функционери и на овие позиции. Многу од дипломатите од кои сега се бара да се повлечат, работеле со години и во демократската и во републиканската администрација.
„Внимателно ги следам извештаите дека од високи дипломати е побарано да се повлечат од лидерските улоги пред инаугурацијата. Овие непартиски јавни службеници имаат децениско искуство во служење и под републиканците и демократите и се од клучно значење за националната безбедност на САД“, изјави сенаторката Џин Шахин, највисоката демократка демократ во Комитетот за надворешни односи на Сенатот, во објавата од неделата.
За да го усогласи персоналот со планот на Трамп, транзицискиот тим назначи мноштво „високи функционери од кабинетот“ да ги водат клучните сектори во министерството, развој на настаните за кој првпат извести телевизиската мрежа Fox News, наклонета кон републиканците, а потврдена наводно за Reuters којa ги фаворизира демокраите и „умерените“ републиканци, всушност противници на Трамп.
Лиза Кена треба да ја преземе улогата на потсекретар за политички прашања. Тим Лендеркинг, специјалниот пратеник за Јемен, треба да ја преземе канцеларијата за блискоисточни прашања и да служи како привремен висок функционер на Одделот за прашањата на Блискиот исток, рекол еден од изворите.
Се очекува Трамп да го номинира Џоел Рејбурн, кој служеше во Стејт департментот и Советот за национална безбедност за време на неговата прва администрација, за помошник секретар за прашања од Блискиот исток, рекол другиот извор.
Меѓу оние кои се повлекоа во високите позииции се Џон Бас, кој досега беше вршител на должноста потсекретар за политички прашања за сè, од Азија до Европа и Блискиот исток, и Џефри Пјат, помошник секретар на Бирото за енергија и природни ресурси на министерството, чија дипломатска кариера се протегаше повеќе од три децении, и Даниел Критенбринк, помошник секретар за источноазиски и пацифички прашања и всушност главен дипломат за Азија во Стејт департментот.