Тимот на Вилијамс прв се пофали со новиот болид

Иако не остварија ниту една победа, минатата сезона пилотите на Вилијамс беа “најпријатното изненадување во Ф1”.

Валтери Ботас и Фелипе Маса на неколку пати возеа одлични трки, па затоа на крајот на сезоната во поредокот на конструктори завршија пред гиганти како Ферари и Мерцедес.

Според информациите кои доаѓаат од тимот, Ботас и Маса ќе останат зад воланите на Вилијамс, а за подобар пласман во сезоната која следува ќе им помогне новиот “FW37” болид.