![foto Tina](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/foto-Tina.jpg?resize=696%2C351&ssl=1)
Поранешната директорка на Македонската филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска.
Управниот суд на 22 јануари ја уважи тужбата на тужителот Тина Иванова, со што решението на Министерството за култура за разрешување на директорката на Македонската филхармонија се поништува.
Управниот суд во Скопје ја усвои жалбата на Тина Иванова, поранешна директорка на Македонската филхармонија, која поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, како што пресуди судот,
Судот пресуди дека Тина Иванова, поранешната директорка на Македонската филхармонија, била неправилно и неправедно разрешена поради наводни неправилности во нејзината работа. Министерката Костадиновска Стојчевска јавно ја клеветеше Тина Иванова, која побара јавно извинување што не го доби. По сите истражувања, судот не пронајде никакви неправилности во нејзиното работење како директорка.
Според пресудата, Министерството за култура и екс министерката немаат право на жалба.
За време на мандатот, Иванова ги поддржа протестите на уметниците и на целиот колектив на Македонската филхармонија и се потпиша на нивната петиција.
Тина Иванова по овој повод изјави:
„Тогашната министерка за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, злоупотребувајќи ја позицијата и моќта, којашто, за жал, толку често во историјата ги завела и измамила луѓето, искривувајќи им ја сликата за реалноста, без никаква основа, повторувам, без ниту една основа и пронајдена недоследност или неправилност во работењето, нешто, коешто сега веќе и институционално се докажа. Она што има поголема тежина за мене, е тоа што и без трошка емпатија и човечност, се обиде да го осквернави моето достоинство и да стави дамка на моето име и презиме и на целото мое семејство. Со тој потег, потпирајќи се на позицијата, таа го впери прстот на јавноста кон мене. Но, и покрај тоа, оние коишто ме познаваа, сите мои сакани, сите мои искрени пријатели, сите луѓе коишто веруваа во мене, знаеја и тогаш дека е во прашање една голема небулоза и тенденциозна манипулација. Денес стојам пред сите нив и чесно и гордо им соопштувам дека мојата чесност и достоинственост денес и официјално победија. Јавно им се заблагодарувам за укажаната доверба и поддршка. Оваа победа ви ја посветувам вам!“