Oд Градската општа болница „8 Септември“ вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај нив било примено лице со убодна рана од остар предмет.
Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека станува збор за Ш.М.(18) од с.Чајлане, скопско.
-Според пријавеното, околу 15.00 часот во с.Бојане, на автобуска постојка во автобус влегол Ј.Н. од с.Бојане и со остар предмет му нанел убодна рана во пределот на левата надколеница, информира МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.