Деветнаесетгодишник од гостиварското село Врањовце излетал од коловозот кај превојот Стража, откако загубил контрола врз управувачот, соопшти Министерството за внатрешни работа.
Инцидентот се случил во понеделникот вечерта околу 21,25 часот на магистралниот пат Гостивар – Кичево, во близина на Стража, кога 19-годипниот А.И. од гостиварско Врањовце, управувајќи патничко возило „БМВ“, со гостиварски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.
Повредениот возач е пренесен во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош.
На местото на незгодата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.