Тинејџер најден мртов во Скопје

Во четвртокот во утрото скопската полиција добила дојава дека на улица во скопската населба Шуто Оризари бил пронајденно мртво 18-годишно момче

Вчера околу 7,30 часот во Полициското одделение Шуто Оризари било пријавено дека на улицата „Индира Ганди“ бил пронајден починат 18-годишникот идентификуван со иницијалите Т.С. од Скопје.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.