
Деветнаесетгодишен скопјанец во петокот ноќта бил претепан во населбата Аеродром,а потоа напаѓачите го оштетувале неговиот автомобил
Инцидентот е пријавен вчера во 23,40 часот од 19-годишниот Б.П. од Скопје кој пријавил дека на подрачјето на населбата бил прво физички нападнат од едно лице, а потоа напаѓачот со уште едно лице удирале по прозорското стакло од неговото возило и му упатувале навреди и закани.
Се работи на расчистување на случајот, информираат од МВР.