Тинејџер прободен со нож од 15-годишно дете

Во автобус на приватните превозници, синоќа бил пронајден младо момче прободено со остар предмет, дознава 24инфо.мк.

18-годишниот скопјанец бил нападнат од две лица на постојката кај трговскиот центар „Сити мол“.

-За кратко време по нападот, полицијата уапсила едно малолетно лице на возраст од 15 години кое признало дека го сторил делото, пишува порталот.

Повреденото момче е задржан на скопските клиники, а напаѓачот е задржан во полициска станица.