Деветнаесетодишник е повреден во неделата попладнето, откако загубил контрола врз мопедот кој самиот го управал.
Вчера околу 17:00 часот во Штип, на улица „Суитлак“, мопед „баотиан“ со штипски регистарски ознаки управуван од Д.К.(19) од Штип изгубил контрола и излетал од коловозот.
На Д.К. во Клиничката болница-Штип му се констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Штип.